ФОТО | Шакира има нова љубов: Тој е сосема поинаков од Пике

Фото: Photo Image Press / Zuma Press / Profimedia// David Becker / Getty images / Profimedia

Според шпанските медиуми, Шакира оваа година ја завршува со нов партнер во животот.

Најновата љубовна приказна на колумбиската пејачка ја откри новинарот Хавиер Церијани, а станува збор за познатиот аргентински композитор и продуцент Рафаел Аркауте.

Според неговите соработници, Аркауте е пристоен човек, поет и композитор, кој е сосема поинаков од Пике и мажите со кои ја поврзуваа колумбиската ѕвезда.

Новиот партнер на Шакира има 44 години и е многу познат музички продуцент во Јужна Америка, има освоено 18 латино Греми награди и има соработки со бројни познати уметници.

Како што истакнува новинарот Хавиер Церијани, Шакира е многу возбудена поради новата можност во љубовта и тврди дека таа и Аркауте се заедно веќе некое време. Тој тврди дека парот поминува многу време заедно и дека често се на вечери, а тој најмногу ја освојува со својот хумор и внимание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот