Дератизација/ Фото: Општина Карпош

Шахтите низ Карпош се чистат од глодари и бубачки

На територијата на општина Карпош се спроведува редовната есенска дератизација, која се очекува да трае речиси до крајот на оваа календарска година. Со неа ќе бидат опфатени шахтите низ општината.

Оваа иницијатива се реализира со цел уништување на штетните глодари и инсекти, но и како превенција од заразни болести. Во таа насока, со дератизацијата ќе бидат опфатени околу 5.000 шахти, откако локалната самоуправа претходно спроведе дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите основни училишта и детски градинки на своето подрачје, информираат од Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот