Шахпаска: Со моменталната состојба се уште можат да функционираат градинките, исклучоци мора да постојат за недела-неработен ден

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната прес-конференција изјави дека бројот на позитивни деца во градинките се уште е мал, но дека будно се следи состојбата.

– Здравствените власти имаат став дека трансмисијата  меѓу децата на вирусот е многу низок. Бројот на позитивни деца е само 21. Сакам да кажам дека 9.630 дечиња посетуваат градинка, што значи дека нивните родители се слободни и можат да присуствуваат на нивните работни места, рече Шахпаска и дополни дека будно се следи состојбата, но дека моментално градинките се уште можат да бидат во функција.

На прашањето за предлогот недела неработен ден Шахпаска изјави дека првичниот драфт бил испратен до Владата, но дека нема да биде објавен во јавноста додека тој не биде готов.

– Имавме бројни состаноци во изминатиот период, вчера беше последниот состанок со претставници на комората на угостители, бидејќи сакаме да направиме едно решение кое претставува наша определба – недела неработен ден, меѓутоа иклучоци мора да постојат во дејностите што се неопходни за општеството, здравство, пожарна, полиција, вели министерката Шахпаска, која вели дека вицепремиерот Битиќи и помогнал во целиот процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот