Сезоната на Рибите мачна за пловење: Овие хороскопски знаци ги очекува тежок месец

хороскоп
Фото: Unsplash

Март ќе го започнеме со млада месечина која секогаш значи обнова на енергиите. Во склоп на сезоната на Рибите, Јупитер и Нептун ќе се спојат, а Венера и Марс веќе танцуваат заедно. Но, нажалост, нема за сите да биде сè така розово. Овие три хоросопски знаци ги очекува тежок месец.

Риби

Иако ова е вашата сезона и ќе ви донесе радост и чувство на обнова, вие чекате со огромно нетрпение. Ќе имате напади на екстремно незадоволство и фрустрација во текот на март, а голем дел од тоа ќе се врти околу идејата дека, поради некоја причина, верувате дека „заслужувате“ подобро од било што и да ве мачи. Ќе преиспитувате многу работи во вашиот живот, а една од нив ќе биде вашиот семеен живот. Можеби ќе сфатите дека сте агресивни или непотребно непријателски настроени кон партнерот.

Астро календар за Март: Јупитер и Нептун се спојуваат еднаш во животниот век, што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Рак

Една од причините поради кои сте нерасположени овој месец е потсетникот на некој товар од минатото. Се додека постои таа меланхолија во вашиот ум, многу од она што го правите ќе биде самосаботажа. Може да ве нападне чувство на вина кога сте загрижени, и покрај вложениот труд за да се подобрите себеси и да ги надминете чувствата на нељубов кон себе, ќе чувствувате како да ве влече невидлива сила далеку од напредокот. Обидете се да бидете поразумни во таа бура од емоции и не влегувајте во март со очекувања за катастрофа.

Младата Месечина ни носи нов аспект од личната слобода: Будност и мир во себе и светот

Вага

Март за вас значи нетрпеливост бидејќи ќе ви разбуди фрустрации од минатото. Главна грижа ќе ви биде вашата животна насока. Има нешто мрачно во овој месец, како да сака зимата што си оди последна битка со вашето битие пред да дојде пролетта и обновата. Иако, енергетски сте складни со годишните времиња, не мора да значи дека ви се допаѓа протокот. Депресивната зимска сезона влијае на вашето расположение и на односите со другите. Издржете уште малку, сончевите денови се на повидок.

Месечен хороскоп за март 2022: Месецот ќе биде љубовен ако ја следите интуицијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот