Младата Месечина ни носи нов аспект од личната слобода: Будност и мир во себе и светот

Месечина
Фото: Пиксабеј

Следниве неколку дена ѕвездените мапи зборуваат дека чуда се можни-само треба да веруваме дека ќе се случат.

Младата Месечина на 2 март 2022 бара од нас да го отвориме умот и да бидеме будни, за да тргнеме кон правиот пат до себе – со желба за мир. Оваа лунарна фаза носи инспирација и ќе биде совршена прилика да ги остварите сите свои желби.
Рибите, во чија ера влегува Месечината, е плоден знак кој претставува желба за раст и нега во себе.

Овој аспект ќе ни ја отвори желбата за истражување на нашите најдлабоки чувства и да го надминеме материјалниот свет. Бара од нас да ја гушнеме слободата што ја имаме и да ја искористиме и прифатиме како шанса за многу нешта што досега ни се чинеле незамисливи.

Младата Месечина во Риби дефинитивно се фокусира на остварување соништа, еден сон по друг, а сево ова може да стане вистина само ако тоа навистина го посакувате.

На небото, оваа млада Месечина се спојува со Уран, планета која симболизира слобода. Урановата слобода обично се однесува на побуни и револуција, поставувајќи го прашањето дали може да се одвоиме од зоната на конфор и да ги поминеме границите ако е тоа потребно. Оваа движечка енергија на слободата ни помага да влеземе во длабоката свест и да се освестиме каков живот навистина сакаме.
Овој период е посебен затоа што и Сонцето и Месечината се наоѓаат во знакот Риби, а се во конјукција со великодушниот Јупитер, владетелот на Рибите и месецот март.

Јупитер претставува колективна добра волја и желба за просперитет, а Рибите се поврзани со личните ставови, емоциите и поимањето на животот. Поради тоа, 2 март е совршен за манифестирање и остварување желби. Овие два дена, посакајте колективен мир и лична радост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот