Северна Кореја ракета/ Фото EPA-EFE/KCNA

Северна Кореја тестира ракети водени со вештачка интелигенција и артилериски ракети за модерно војување

Северна Кореја тестираше новоразвиен лесен повеќенаменски систем за лансирање проектили, како и повеќе тактички крстосувачки ракети, под надзор на лидерот Ким Џонг Ун, јавија државните медиуми.

Според севернокорејската новинска агенција „КЦНА“, тестирањата биле извршени вчера и се дел од планот за модернизација на артилериските и ракетните вооружени сили, со цел постигнување на петгодишни цели за развој на националната одбрана.

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала неколку балистички ракети со краток дострел, под 300 километри, како и артилериски ракети од подрачје во близина на градот Чонджу на северозападот од земјата.

„КЦНА“ наведува дека при тестирањата биле анализирани и проценети повеќе системи, меѓу кои боеви глави на тактички балистички ракети, прецизни навигациски системи и тактички крстосувачки ракети водени со „вештачка интелигенција“.

Лидерот Ким Џонг Ун, според извештаите, ги пофалил тестовите, оценувајќи ги како показател за техничкиот напредок на вооружените сили. Ова е осмо тестирање на балистички ракети од Северна Кореја оваа година.

Ким му пиша писмо на Путин: Северна Кореја секогаш ќе стои зад Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот