Сетиен сепак ќе купува замена за Суарез

twitter/uefachampionsleague

На списокот на желби на новиот тренер се наоѓаат три имиња.

Челниците на Барселона одлучија да бидат активни во зимскиот преоден рок и да ангажираат замена за повредениот Луис Суарез за кого заврши сезоната.

Според пишувањето на „Мундо Депортиво“, новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен ќе може да бира помеѓу тројца фудбалери, поранешниот член на Барселона Педро, Кшиштоф Пјонтек и Дани Олмо.

Дани Олмо најави дека најдоцна до лето ќе си замина од Динамо Загреб кој за неговите услуги бара 25 милиони евра. Оваа сума според челниците на Барселона е превисока за млад фудбалер на кого на лето му истекува договор и подготвени се да понудат највеќе 15 милиони евра.

twitter.com/Chelsea24News

Педро кој е дете на Барселона, има договор со Челси до крајот на сезоната, а англискиот тим не е расположен да му понуди нов договор и весникот пишува дека тој би прифатил да се врати на „Камп Ноу“.

twitter.com/ACMilanInfo3

Третата опција за Сетиен е Пјонтек кој по доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во Милан, падна во втор план и побара од управата да го стави на трансфер листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот