фото: EPA-EFE/David Borrat

Серлот со хет-трик во победата на Атлетико, Миовски не играше поради повреда

Фудбалерите на Жирона обезбедија опстанок во најсилното шпанско првенство во текот на минатото коло, а Атлетико Мадрид следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Во последното коло Атлетико со победа ја заврши сезоната со 4:0 против Жирона во чиј состав не беше македонскиот репрезентативец Бојан Миовски поради повреда на стапалото.

Александер Серлот постигна три голови, а еден погодок беше дело на Клемен Ленгле.

Серлот со вкупно 20 голови беше најдобар стрелец на „јорганџиите“ во Ла Лига.

Атлетико во конечниот пласман го освои третото место со 76 бодови, додека Жирона моментно е на 16 позиција со 41 бод, колку што има и Севиља која својот меч од оваа рунда ќе го има денеска против Виљареал на гости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот