Серијата „Wednesday“ руши рекорди на гледаност на Нетфликс

Џена Ортега како Венсдеј Адамс / Фото: Инстаграм/„Wednesday“

Моментално, серијата „Wednesday“ е една од најгледаните содржини на филмската платформа Нетфликс. Имено, таа го собори рекордот за најгледана серија на Нетфликс на англиски јазик, кој до неодамна го држеше серијата „Stranger Things“. Нетфликс објави дека серијата била гледана 341,2 милиони часа за само една недела од нејзиното објавување.

Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Во новиот проект на режисерот Тим Бартон, главните ликови ги глумат Луис Гузман, Кетрин Зета-Џонс и Кристина Ричи, која во претходните филмови за семејството Адамс ја глумеше токму Венсдеј Адамс.

Сепак, сосема очекувано, најголемото внимание го привлече 20-годишната актерка Џена Ортега, која во новата серија за семејството Адамс ја игра главната улога – Венсдеј Адамс.

Серијата ја следи Венсдеј Адамс на академијата „Невермор“, каде што таа се обидува да ги совлада своите психички способности и да ја реши мистеријата што ги следи нејзините родители во последните 25 години. Покрај тоа, таа се обидува да ги реши проблемите со кои се соочуваат тинејџерите на нејзината возраст.

Ја тргна „Stranger Things“ од тронот

Серијата го зазеде првото место во дури 83 земји во светот и успеа да ја симне „Stranger Things“ од првото место, која собра 335,01 милиони часови стриминг за само пет дена.

Но, и покрај тоа, „Wednesday“ сè уште не е ни блиску до јужнокорејскиот хит „Squid Game, кој собра 571,8 милиони часови стриминг во првата недела на емитувањето и го држи рекордот за најгледана серија од неанглиски јазик со 1,65 милијарди часови стриминг во првиот месец од емитувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот