Сензација во Белград, Ѓоковиќ елиминиран

epa09157385 Aslan Karatsev of Russia (R) shakes hands with Novak Djokovic of Serbia after their semi final match at the Serbia Open tennis tournament in Belgrade, Serbia, 24 April 2021. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, е поразен на турнирот кој се игра во Белград „Србија Опен“. Подобар од Ѓоковиќ во полуфиналната пресметка беше рускиот тенисер Аслан Карацев кој славеше во три сета 7:5, 4:6, 6:4.

Ѓоковиќ одлично го започна дуелот, направи брејк и поведе со 3:0, но Карацев возврати со иста мерка и дојде до израмнување, но Русинот продолжи со исто темпо кое донесе нова размена на брејкови за 5:5. Во завршницата од првиот сет, Карацев повторно направи брејк за триумф од 7:5.
Вториот сет донесе сличен развој на настаните, Ѓоковиќ поведе до 2:0, но Карацев возврати со дури четири гемови во серија. Потоа следеше серија од четири гема во низа за Ѓоковиќ со кои дојде до израмнување во сетови.

Во одлучувачкиот трет сет се водеше голема борба, се редеа неискоресни брејк топки, а тенисерите ги освојуваа гемовите на свој сервис. Така беше се до седмиот гем во кој Карацев успеа да направи брејк  и потоа со сигурен сервис да ја зачува предноста за конечен триумф и пласман во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот