Сензација во Австрија, клуб од место со 6.687 жители ќе игра во Лигата на Европа
Лигата на Европа наредната сезона ќе биде „побогата“ за уште еден клуб кој доаѓа од Австрија.
Екипата на Хартберг која доаѓа од место со само 6.687 жители во наредната сезона ќе игра во квалификациите за ЛЕ.
Хартберг успеа да обезбеди европска фудбалска виза откако во финалето на плејофот за пласман во ЛЕ одиграа 0:0 против Австрија Виена откако во првиот дуел славеа со 3:2.
Препорачано
HARTBERG WELCOMES EUROPE. pic.twitter.com/NhVrERhs0q
— TSV Hartberg Fußball (@tsv_hartberg) July 15, 2020
Овој клуб имаше одлична сезона, по првиот дел во кој обезбедија плејоф, натпреварувањето го завршија на петтото место. Дека не се случајно толку високо на табелата потврдија со победите против Рапид Виена, ЛАСК, Штурм и Австрија Виена.
Но, освен со одличните игри, Хартберг вниманието го сврте и со изгледот на дресовите на кој имаат голем број спонзори, но еден се истакнува највеќе, тоа е банка за сперма.
Инаку, Хартберг е мало место во источна Австрија во близина на унгарската граница, а нивниот стадион има капацитет од 4.500 места или две третини од вкупниот број на жители.


