Сензација на „Австралија опен“: МекДоналд го елиминираше Надал

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал/фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Многу рано уште во второто коло Рафаел Надал го заврши учеството на грен слем турнирот во Мелбурн, откако со 6:4, 6:4 и 7:5 загуби од Американецот Мекензи МекДоналд.

Иако Мекдоналд го играше тенисот во кариерата во првите два сета, факт е дека повредата се одрази на играта на Шпанецот и поразот беше неизбежен за бранителот на титулата.

Непосредно пред повредата Надал губеше со 1:0 во сетот и 5:3 во вториот, а на крајот побара и медицински тајм-аут поради проблем со колкот. По 10 минути се врати на теренот, но не беше истиот Рафа кој не се сеќава кога на стартот на еден грен слем имаше два сета негатива.

Ова е секако шанса за Новак Ѓоковиќ да се израмни по бројот на грен слем титули (22) на вечната листа.

Во следната фаза МекДоналд ќе игра против победникот од мечот Далибор Сврчина (Чешка) – Јошихито Нишиока (Јапонија).

Во женска конкуренција рано настапот го заврши и победничката на УС Опен од 2021, Ема Радукану од Велика Британија која загуби од Американката Коко Гоф со 6:3 и 7:6 (4).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот