Сенидах откри зошто Цеца е важна за неа: Пејачката сподели детали од детството! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Една од моментално најпопуларни пејачки во регионот, Сенида Ајдарпашиќ или позната како Сенидах, открила детали од своето детство, а потоа раскажа дека всушност тој период ја врзуваат сеќавања на Светлана Цеца Ражнатвоиќ.

Имено, нејзините родители потекнуваат од Црна Гора во која како малечка поминувала доста од времето, дури двапати годишно, а тоа било доволно за да ги засака познатите српски изведувачи.

– Моите се од Црна Гора, таму одев двапати годишно додека пораснав. Ја слушам Цеца, Мерлин, гледам филмови… рекла Сенидах за словенскиот портал „сиол.нет“.

Сенидах раскажала дека честопати знаела да ги забавува своите роднини во тој перод и тоа глумејќи ја Цеца.

– Сестра ми и јас знаевме да ги забавувавме нашите роднини во Црна Гора со нејзини песни. Се правеа мини настапи, мали бини, се пеело од Цеца, игравме… Мајка ми сакала да биде пејачка, но не и дозволило семејството – рекла Сенидах.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот