Семејствата на починатите од Ковид 19 плаќаат поскапи погреби

Медицински тим вади труп на починато лице од коронавирус од Инфективната Клиника во Скопје / 31 март 2020, Скопје, Северна Македонија / EPA-EFE/NAKE BATEV

Тој ни ги испрати и фискалните сметки од кои се гледа дека мртовечкиот сандак чини 10.880 денари, но со него мора да се докупи и лимен ковчег од 13.550 денари, а пластична вреќа е наплатена 1950 денари.

,,Мајка ми почина од коронавирус во болницата 8 Септември и беше погребана по протокол за ковид 19. Немав никаков избор за тоа кое погребално претпријатие ќе ја изврши услугата. Од болницата ми кажаа дека телото ќе го земе погребалното претпријатие Бутел и да одам да се договорам со нив таму”.

Вака ја почнува приказната нашиот соговорник кој неодамна ја закопал неговата мајка откако претходно и се влошила здравствената состојба и морала да биде хоспитализирана во болницата 8 Септември во Скопје. Оваа болница е ковид центар во Македонија и дури 70 проценти од нејзините капацитети се искористени за справување со епидемијата, односно за примање пациенти што се заразиле со коронавирусот и им е потребно болничко лекување.

,,Во Бутел ме информираа дека погребот ќе биде поскап отколку оној што се спроведува за смрт од било која друга болест. Прашав колку е погреб со ковид а колку без ковид. Ми рекоа дека без ковид е 24.000 денари, а со Ковид, поскапо. Немав избор, платив 37.280 денари за погребот и сите пропратни моменти како лимен сандак, пластична вреќа. И 5.300 денари за да се ископа местото. Среќа што веќе имав гробно место, инаку ќе требаше да земам кредит”, вели нашиот соговорник.

Тој ни ги испрати и фискалните сметки од кои се гледа дека мртовечкиот сандак чини 10.880 денари, но со него мора да се докупи и лимен ковчег од 13.550 денари, а пластична вреќа е наплатена 1950 денари. Како дел од протоколот не смеело да присуствуваат повеќе од 5 лица на самиот чин на погребувањето, а исклучено било и изложување на телото во капела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот