Семејното насилство во сива зона по повлекувањето на Полска од Истамбулската конвенција (ФОТО)

epa08565331 Protesters holding placards 'Women's Strike' and 'No to legalisation of demstic violence' take part in a demonstration against government's plans to terminate the Istanbul Convention in front of headquaters of the Ordo Iuris Organization (an independent legal organization) in Warsaw, Poland, 24 July 2020 (issued 25 July 2020). Thousands of protesters went to the streets to protest against Polish government announcement to terminate the Council of Europe Istanbul Convention on Action against violence against women and domestic violence. EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Критичарите на спогодбата веруваат дека конвенцијата ги крши правата на родителите со тоа што бара од училиштата да ги учат децата за родова идеологија, што се коси со полските семејни вредности.

Полска ќе започне процедура за повлекување од спогодбата за спречување насилство врз жените, нешто што десноориентираната влада на државата тврди дека наметнува контроверзни идеологии за полот, истакнал министерот за правда на Полска, Збигнеј Зиобро.

Револтирани демонстранти пред седиштето на Организацијата Ордо Иурис (независна правна организација) во Варшава, Полска, 24 јули 2020 година/Фото: EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Како што пренесува „Ројтерс“, министерот во изјава за медиумите рекол дека наредна недела ќе започнат постапка за повлекување од Истанбулската конвенцијата која сметаат дека содржи „елементи од идеолошка природа кои тие ги сметаат за штетни.“

Демонстранти со плакати во раце го искажуваат својот револт/ Фото: EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Илјадници граѓани, повеќето жени, протестираа во Варшава и во други градови, откако владата најави дека Полска ќе се повлекува од конвенцијата. Толпа од илјадници демонстранти се собра пред седиштето на Ordo luris, ултра-конзервативно здружение кое водело кампања против конвенцијата.

Полска во 2015 ја потпишала Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, додека државата била водена од централноориентираната Civic Platform, но со доаѓањето на власт на партијата „Закон и правда“ во 2015 рекле дека ќе ја повлечат земјата од спогодбата.

Демонстранти во Варшава/Фото: EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Критичарите на спогодбата веруваат дека конвенцијата ги крши правата на родителите со тоа што бара од училиштата да ги учат децата за родова идеологија, што се коси со полските семејни вредности.

Владејачката партија во Полска во последно време исто така ги искажува и своите ставови против правата на ЛГБТИ заедницата и правото на абортус.

Демонстранти излегоа на улиците во знак на протест против најавата дека Полска ќе се повлекува од конвенцијатаа против насилство врз жени и семејно насилство Фото/EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Конвенцијата која стапила на сила на 1 август 2014, е потпишана од 45 држави и од Европската Унија, а е ратификувана од 34 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот