Руски напад со дронови во Прилуки/Фото: Икс

Семејна трагедија во украинскиот град Прилуки, во рускиот напад загина семејството на пожарникар

Русија ноќеска изврши напад со беспилотни летала врз украинскиот град Прилуки, во регионот Чернихив, а украинскиот претседател Володимир Зеленски откри семејна трагедија откако едно од беспилотните летала го збриша семејството на локалниот шеф на противпожарната служба.

Зеленски објави дека меѓу петте загинати се сопругата, ќерката и едногодишниот внук на пожарникарот, кој бил вклучен во операцијата за лоцирање на жртвите меѓу урнатините од рускиот напад.

Според украинскиот претседател, ова дете е 632-то дете кое го загубило животот од почетокот на војната во Украина.

„Русија постојано се обидува да добие време за да продолжи со убиствата. Кога не чувствува доволно силна осуда и притисок од светот, повторно убива“, напиша Зеленски во својот пост на Икс, според кој во текот на ноќта, Украина била нападната од 103 беспилотни летала и една балистичка ракета, насочени кон регионите Донецк, Харков, Одеса, Суми, Чернигов, Днепар и Херсон.

„Ова е уште една причина да се воведат максимални санкции и да се изврши заеднички притисок. Очекуваме акција од САД, Европа и од сите што навистина можат да помогнат во промената на овие ужасни услови. Силата е важна, а војната може да заврши само со сила. Москва мора да биде под притисок со сите расположиви средства и постепено да се лиши од својата способност да продолжи со оваа агресивна тактика“, заклучи украинскиот претседател во својот пост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот