(ВИДЕО+ФОТО) Село во Германија нема ниту еден заболен, жителите веруваат ги штити ветување на предците дадено уште за време на чумата

Жителите на Обермаргау веруваат дека се заштитени од корона вирусот поради ветувањето што го дале нивните предци уште во 17 век, а тие го исполнуваат до ден денес. Според свештеникот Томас Гронер во селото се случува вистинско чудо, или барем тој верува во тоа. Тој тврди дека за ова има и докази…

Пред 400 години Обермаргау било зафатено од чума која пустошела во селото. Секој четврт човек починал, изумреле цели семејства. Тогаш селаните застанале пред крст и ветиле пред Бог дека доколку ги поштеди преживеаните ќе изведуваат претстава во која ќе се прикажува животот на Исус, смртта и воскреснувањето, на секои десет години.

Овој настан се случил во 1633 година и според оваа легенда по овој настан ниту еден жител не се разболел од болеста.

Стоејќи во својата црква каде селаните го дале ваквото ветување, отец Гронер ја претстави книгата со кожени корици во кои е запишана заклетвата но и имињата на луѓето кои починале од чума.

Погледнете, вели тој додека со прстот покажува густо збиени редови во кои се испишани имињата на починатите.

Речиси четири века, жителите на Обермергау повеќе или помалку го одржале ваквото ветување, славејќи го притоа своето спасување од тогашната пандемија.

Но овогодишната претстава која премиерно требаше да биде прикажана во мај и истата да биде изведувана до крајот на летото, сега мора да се одложи поради друга пандемија, односно корона вирусот. Продукцијата, во која глумат само локални жители, секоја деценија носи по половина милион луѓе во селото, а околу 2.500 жители на селото, или половина од вкупниот број жители на селото, застануваат на најголемата сцена на отворено во светот.

Обермергау

Селото го посетуваат половина милион туристи во годината кога се прикажува претставата.

Со векови кралеви и кралици, лидери и славни личности доаѓале во ова мало село сместено на баварските Алпи, со свои очи да ја погледнат приказната за спасувањето.

Од средината на 1960 , претставата е критикувана поради својот груб антисемитизам, прво од страна на евреите, а подоцна и од Римокатоличката црква. Според сведоштвата Хитлер ја обожавал оваа претстава и велел дека е „многу важна за Рајхот“.

Кристијан Стакл три децении бил режисер на претставата и се обидел постепено да ја ослободи од најголемите антисемитски симболики и ја прилагодувал да биде прифатлива и за протестантите, муслиманите како и за мажените жени. Од проектот емотивно се раздели откако најави дека настапите оваа година ќе бидат одложени за речиси две години.

Коронавирус во селото се уште нема

Да не се случеше пандемијата со коронавирусот ова би било 42. прикажување почнувајќи уште од 1634 година. До сега била откажувана само два пади, во 1770 година за време на просветителството и 1940 година за време на Втората светска војна.

Со наближувањето на Велигден сега жителите на селото се молат за уште едно чудо, но за сега во селото нема ниту еден заболен.

Можеби даденото ветување се уште ги штити? – со надеж комантираат Сузана Ески, кројач, таа ги сошила костумите за овогодинешната претстава, а сега ги чува во магацин.

Селото тагува поради одложувањето

Селото се подготвуваше за одржување на претставата што се одржува еднаш на секои десет години. Со месеци се бараа работници кои ќе ги опслужуваат гостите во хотелите и сместувачките капацитети. Локалните занаетчии работеле прекувремено за да ги подготват реквизитите за сцената. Волонтери помагале околу подготовката на костимите. Пробите ги окупирале сите старосни групи во селото понекогаш и секојдневно.

Согласно со древниот статут, голем број мажи во селото не се бричеле цела година и ја растеле својата коса со цел да изгледаат онака како што изгледале луѓето во времето на Исус. Но пробите сега престанаа, Сцената со околу 4.500 места стои празна.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот