• алпи

Шест лица исчезнаа на скијање на швајцарските Алпи

Шест лица исчезнале за време на скијање на швајцарските Алпи, објавија француските медиуми, повикувајќи се на полицијата. Таа пријавила дека туристите се исчезнати од вчера. Потрагата по нив е отежната поради многу лошите временски услови во областа во југозападниот швајцарски кантон Вале. Полицијата не соопштува детали за идентитетот на исчезнатите туристи.