ВИДЕО | По 213 дена илегала поради скандалот со Епстин, Сара Фергусон е „уловена“ во луксузен ски-центар на Алпите
Поранешната војвотка од Јорк, Сара Фергусон, конечно е лоцирана и фотографирана по цели седум месеци поминати во целосна илегала, додека траат истрагите за нејзината поврзаност со сексуалниот престапник Џефри Епстин. Фергусон (66) е снимена во луксузно скијалиште во Австрија, каде што се криела од јавноста откако нејзиниот поранешен сопруг, принцот Ендрју, беше уапсен во февруари годинава, пишува „Сан“.
Препорачано
Според изворите на британските медиуми, таа користела скијачка колиба која чини неверојатни 2.300 евра од ноќ.
Оставала лажни траги за да не ја најдат
Британските медиуми пишуваат дека Сара не е видена во јавноста точно 213 дена. Таа ги избегнуваше сите повици за сведочење пред американските власти во врска со случајот „Епстајн“.
„Ферги ја задржа неверојатната дискреција високо во Алпите. Нејзиниот избор на облека беше внимателно одбран за да не биде препознаена, а местото е совршено за некој кој сака да се сокрие кога ситуацијата е премногу ’жешка‘“, открива добро упатен извор.

Остана без дом и без поддршка од семејството
Ситуацијата за Фергусон е драматична, откако минатата година и беше одземена титулата, таа беше исфрлена и од нејзиниот дом во Виндзор. Извори тврдат дека Сара моментално е буквално „бездомничка“ која живее кај пријатели, а нејзините ќерки, принцезите Беатрис и Јуџини, наводно држат дистанца од неа поради огромниот скандал.
Покрај тоа, во само три дена таа затвори шест свои компании, што отвори низа прашања за нејзината финансиска иднина. Додека „досиејата на Епстин“ ја тресат Британија, Сара одлучила „да ја забие главата во песок“ и да остане во планините колку што може подолго.


