Лавина на Италијанските Алпи / Фото: EPA/STRINGER

Лавина на Италијанските Алпи: Двајца скијачи загинаа, најмалку уште еден е во критична состојба

На италијанските Алпи, во долината Аоста, двајца скијачи загинаа во лавина, додека трет е пренесен во болница во Торино во критична состојба, соопштија планинските спасувачки служби. Се трага по можни дополнителни жртви, бидејќи се проценува дека во снегот можеби се затрупани и до шест скијачи, најверојатно државјани на Франција, пренесува Мирор.

Лавината се одрони околу 11 часот над селото Курмајеур, каде група скијала надвор од патеките. Втора лавина денеска се случи во регионот Трентино, но спасувачките екипи успеаа да го извлечат скијачот кој бил затрупан под снегот.

Оваа сезона во Алпите веќе се регистрирани неколку лавини кои однесоа човечки животи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот