Селекторот на Србија го отпиша капитенот Теодосиќ за кошаркарското ЕП

Милош Теодосиќ од 2007 година е член на репрезентацијата на Србија/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ одлучи да го отпише капитенот Милош Теодосиќ за претстојното Европско првенство кое започнува на 1 септември.

Ова е за прв пат од 2007 година Теодосиќ да биде прекуброен во репрезентацијата, а причина за тоа да не бидат повредите.

Теодосиќ кој настапува за екипата на Виртус Болоња, со репрезентацијата на Србија го освои сребрениот медал на ЕП 2009 година во Полска, сребрениот медал на СП 2014 како и сребрениот медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sport na B92.net (@b92_sport)


Покрај Теодосиќ, од поширокиот список на селекторот Пешиќ отпадна и кошаркарот на Партизан, Ален Смаилагиќ.

Србија на Европското првенство ќе игра во групата Д заедно со селекциите на Чешка, Полска, Финска, Израел и Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот