Селекторот на дрим-тимот не крие дека учи и краде тактики од Обрадовиќ и Ивковиќ

EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Актуелниот тренер на Сан Антонио спарс, Грег Попович, со новиот дрим-тим ќе се обиде да го поправи впечатокот од Светското првенство во Кина пред две години кога го освои шестото место.

Попович исто така ќе се обиде да ја продолжи низата од четири златни медали по ред од Олимписките игри и со тоа да се приближи до рекордот од седум златни медали по ред освоени од 1936 до 1976 година.

Попович чиј татко е Србин, а мајка од Хрватска, во текот на летните паузи години наназад одреден период поминува заедно со едни од најдобрите европски тренери, Жељко Обрадовиќ и Душан Ивковиќ, и не крие дека сака да „краде“ од нивните тактики.

Сега на подготовките пред настапот на Игрите во Токио, Попович повторно беше запрашан дали ќе користи нешто што научил од Ивковиќ и Обрадовиќ.
– Не знам, зависи од тоа против кого ќе играме. Не сум „крадел“ само од нив, крадам од кого стигнам бидејќи имам половина мозок, а има толку паметни луѓе околу мене. Не сум толку добар за да измислам велосипед, јас посматрам што прават другите. Мислам дека сите тренери го прават истото, малку ќе земеш од тука, малку од таму… Но, тие двајца тренери се многу добри личности, треба да се краде од нив бидејќи се остроумни. Не можат да ме уапсат поради тоа, или можеби можат – одговори во свој стил Попович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот