Селекцијата на БиХ е преголем залак за кошаркарките
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се игра 2023 година.
Препорачано
Кошаркарите во СРЦ „Кале“ се поразени од селекцијата на БиХ со 64:80 во второто коло од групата А и по воведните кола имаат два порази.
Гостинските кошаркарки добро гго отворија натпреварот, благодарение на одличниот шут за три поени направија двоцифрена предност (5:17), по што селекторот Ашаданов повика тајм-аут за да ја консолидира играта. Потоа кошаркарките заиграа подобр и намалија на 15:23, а потоа и на 23:29. Во втората четвртина, Македонија повторно дојде до минус шест (34:40) но противничките кошаркарки возвратија со седум поени по ред и на одмор заминаа со 34:47.
Во второто полувреме, фаворизираните кошаркарки на БиХ кои беа предовдени од МВП играчот на ВНБА лигата Џонкел Џонс, ја одржуваа двоцифрената предност и на крајот славеа со 64:80.
Токму Џонс со 30 поени и 17 скокови беше најдобра во редовите на БиХ, додека кај Македонија, Анџелика Митрашиновиќ постигна 23 поени, Неда Трајчевска постигна 15, а Девана Бонер даде 11 поени.
Следниот натпревар во квалификациите, кошаркарките ќе го играат во ноември идната година и тоа против Белгија на гости.


