Секој залак изберете го правилно – Храна која е препорачливо да ја избегнуваат трудниците

Profimedia
Фото: Профимедиа

Важно е бремените жени да јадат храна која е богата со витамини и минерали и на тој начин да придонесат кон правилниот раст и развој на нивното бебе. Сепак, многу идни мајки се во недоумица, што всушност смеат а што не смеат да јадат во овој период од својот живот.

Исклучително важно е за време на бременоста да се јаде здрава храна, која е од органско потекло и не е хемиски третирана. Исто така, покрај тоа што треба да се внимава на местото каде е одгледана храната, исто толку важно е да се знае и која храна или пијалоци, треба да се избегнуваат во текот на бременоста.Тоа е така бидејќи одредени видови храна можат да направат штета по здравјето на идната мајка но и на нероденото бебе.

Исклучително важно е трудниците да јадат храна која е богата со витамини и минерали и на тој начин да придонесат кон правилниот раст и развој на нивното бебе. Сепак, многу идни мајки се во недоумица, што всушност смеат а што не смеат да внесуваат во овој период од својот живот.

На листата на производи кои треба да ги избегнуваат идните мајки се најдоа неколку производи. На секоја од овие намирници, треба да им пристапите претпазливо, а доколку не можете да се откажете од нивниот внес, во тој случај обидете се барем да ги јадете во помали количини.

1. Одредени видови на риба

Фото: Профимедиа

Консумирањето на риба е корисно, но не треба да се претерува. За време на бременоста не треба да се консумира риба повеќе од два пати неделно.

Особено треба да се избегнува месо од ајкула, сабјарка и треба да се ограничи внесувањето на туна. Овие меса содржат жива, која, доколку се консумира во големи количини може да му наштети на развивањето на нервниот систем на бебето.

Исто така, не се препорачува ниту консумирањето на жива морска храна како остриги или школки.

2. Кафе и алкохол

Фото: Профимедиа

Алкохолот треба да се смета како забранет за време на бременоста. Иако нема докази дека малото количество алкохол може да му наштети на фетусот, најдобро е да го избегнувате целосно. Консумирањето на алкохол се поврзува со предвремено породување, вродени дформитети и мала телесна тежина на новороденчето. И кофеинот треба да се ограничи на 300 милиграми дневно.

 3. Одредени видови на сирење

Фото: Профимедиа

Непастеризираните сирења, како што се младото сирење и козјото сирење би требало да се избегнуваат поради можноста од алиментарни инфекции. Но, нема потраба потполно да се откажете од сирењето, само треба да конзумирате пастеризирани производи, а тоа може да се провери од податоците на етикетата на производот.

4. Термички необработена храна

Фото: Профимедиа

Доколку не сте сигурни во потеклото на храната, најдобро е да избегнувате да ја јадете пред термички да ја обработите.  Потребно е да обрнете внимание на термички непреработената храна од животинско потекло како што се на пример месото и сите производи направени од месо, потоа млекото и млечните производи, како и јајцата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот