Сиромаштија , Човек буричка во контејнер - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Секој петти граѓанин е сиромашен!

Стапката на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 12 проценти.

Во 2024 година, стапката на сиромашни лица изнесуваше 21,9 проценти, или секој петти граѓанин е сиромашен, извести Државниот завод за статистика врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија. Државниот завод ги пресмета таканаречените лаекенски индикатори за сиромаштија, а основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, при што прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 проценти од медијалниот еквивалентен приход. Така, праг на сиромаштија за самечко домаќинство е годишен приход од 178.286 денари, а на двајца возрасни со две деца под 14 години е 374.000 денари.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2024 година е 17,1 проценти. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 12 проценти. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 29,1 проценти.

Податоците покажуваат катастрофална состојба кај семејствата со три и повеќе издржувани деца и изнесува дури 54,8 проценти!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот