маслиново масло
Фото: Unsplash

Испитување во ЕУ: Секое трето маслиново масло има мани, ознаката „екстра девствено“ често е лажна

Европската Унија се соочува со сериозен скандал поврзан со квалитетот на маслиновото масло, откако голема анализа откри дека правилата не се почитуваат целосно, а многу производи се погрешно декларирани. Според извештајот на Европскиот суд на ревизори, дури една третина од маслиновите масла што се продаваат на европскиот пазар не ги исполнуваат сензорните стандарди за категоријата наведена на етикетата, пишува Слободна далмација.

Најголем проблем е злоупотребата на ознаката „екстра девствено маслиново масло“ или ладно цедено. Во контролите спроведени во Шпанија, Италија, Грција и Белгија биле купени 28 различни масла од продавници и испратени на лабораториски и дегустаторски анализи. Резултатите покажале дека осум масла не биле во категоријата што ја наведувале производителите. Шест масла продавани како ладно цедени воопшто не одговарале на декларациите, додека две биле оценети како масло кое не е погодно за консумација без дополнителна обработка.

Особено загрижува фактот што увезеното маслиново масло од земји надвор од ЕУ речиси и да не се проверува за пестициди и контаминанти. Во Италија, според извештајот, во 2023 и 2024 година не била проверена ниту една пратка на главните увозни точки, додека Шпанија во период од пет години анализирала само три примероци за пестициди.

Ревизорите предупредуваат дека многу држави не го спроведуваат ниту минималниот број контроли, а санкциите често се бавни и недоволно строги за да спречат измами.

Дополнителен проблем е тоа што правилата за мешање масла од различни берби не се доволно јасни, па постои простор производители да продаваат масло со понизок квалитет под премиум ознаки.

ВИДЕО: Запленети 260 тони лажно маслиново масло

Извештајот препорачува Европската комисија итно да ги заостри контролите, да воведе појасни правила и да бара построги проверки за увезеното маслиново масло.

Според официјалните податоци, дури 72 проценти од сите случаи на неправилности во ЕУ се однесуваат токму на масла означени како „екстра девствени“, кои по проверките биле класифицирани во пониска категорија.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот