СЕХА: Веспрем е преголем „залак“, Е. Пелистер ќе игра за бронзата на Ф4 турнирот

Е. Пелистер немаа сили за изненадување против Веспрем/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Екипата на Е. Пелистер не успеа да направи подвиг. Во првото историско учество на Ф4-турнирите во СЕХА Газпром лигата, „зелените“ од Битола доживеаја висок пораз од унгарски Веспрем (41:27). На трибините во Задар Е. Пелистер имаше поддршка од една група на навивачи, дел од верните „Чкембари“.

Македонскиот вицешампион беше рамноправен во првите пет-шест минути од средбата, неколку пати имаше и имаше водство, а потоа при нерешени 5:5 противникот започна да игра на искуство, со цврста одбрана и низа брзи погодоци во нападот за серија од 6:2. При негатива од 13:9, актуелниот шампион направи нова серија од 6:2 за 19:11 на семафорот после 20 минути игра, по што веќе се најавуваше и вториот финалист.

На паузата Веспрем водеше со 24:16, а во вториот дел стигна и до двоцифрена разлика од 29:18. Константно растеше позитивата, а најголемата изнесуваше „плус 16“ (40:24) во 55 минута.

Играчите на тренерот Ларс Валтер ќе мора да се задоволат со меч за третото место во регионалното натпреварување. Ривал на пелистерци в недела (4 септември) од 16.30 часот во битката за бронза во малото финале ќе биде хрватски Нексе, додека Веспрем за СЕХА-титулата ќе игра со ППД Загреб од 19.00 часот.

Повторно во Задар истите екипи како и минатата година ќе се сретна во големото финале. Лани Унгарците беа подобри по пенал серијата со 4:2. Унгарскиот гигант ќе атакува на својата петта титула во регионалното натпреварување, во обид да се израмни по бројот на титули со Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот