Сега се фудбалски ѕвезди, а порано переа садови, чистеа улици, беа ѕидари…

Голем број на фудбалски ѕвезди поминаа тежок пат од сиромаштија во која немаа пари ниту за парче леб, до убав живот. Меѓу нив се фудбалери како Џејми Варди, Хавиер Занети, Луис Суарез, Вирџил ван Дајк…

Првата асоцијација за фудбалери, посебно оние во најдобрите екипи се милиони на банкарските сметки, скапи автомобили, убави жени, љубовници…

Но, за да дојдат до тоа ниво потребно се големи откажувања од многу работи кои ги прават нормалните луѓе, а искачувањето на фудбалскиот Олимп е многу потежок за фудбалерите кои детството го поминале во сиромаштија.

Луис Суарез е еден од најдобрите напаѓачи на светот, но детството го помина на улиците во уругвајскиот град Салта. Суарез не можеше да смета на поддршката од својот татко кој повеќе го сакаше алкохолот отколку да го носи својот син на тренинзите.

twitter/uefachampionsleague

Суарез израсна во голема сиромаштија, еден оброк во денот обезбедуваше така што ги собираше трошките пред пекарата во центарот на градот, а пред тренинзите одеше да ги чисти улиците и подовите во трговските центри.

Малку фалеше наместо со фудбалската топка да го избере патот на својот татко бидејќи заработените пари од клубот ги трошеше на алкохол, а остатокот и го даваше на мајка си за да ги прехрани преостанатите шест браќа. Сепак, запознавање на Софија Балби неговата сопруга,  го врати на вистинскиот пат, целосно му се посвети на фудбалот и стана еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.

Не помалку интересна приказна има и најдобриот дефанзивец на светот, Вирџил ван Дајк.

Дефанзивецот на Ливерпул и на Холандија сега им влева страв на противничките фудбалери, но како мал работел во кафуле каде ги миел садовите.

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

– Кога дојдов во Гронинген на тренинзите морав да одам со велосипед. Првата плата ја потрошив така што си уплатив часови за возачка дозвола. Пред да го потпишам првиот договор, кога имав 15 или 16 години заработував така што мев садови во кафуле во Бреда. Тренирав во понеделник, вторник и четврток, играв натпревар во сабота, а во среда и недела од шест часот попладне па се до полноќ работев како перач на садови – открива Ван Дајк.

Хавиер Занети додека настапуваше во Интер го доби прекарот „трактор“ бидејќи беше неуморлив работник на теренот.

Дури 19 години го носеше дресот на Интер, а интересно е што во неговиот роден град Индепендиенте беше прогласен за неталентиран. Но, и тогаш не го прифаќаше поразот туку тоа му претставуваше поттик да работи повеќе, а сиромаштијата го натера по тренинзите да работи заедно со својот татко и тоа како ѕидар.


– Работев како ѕидар заедно со татко ми. Исто така пред да станам професионален фудбалер, разнесувам млеко и местев алерми во четири часот наутро. Потоа одев на училиште од осум часот, за попладне да тренирам – вели Занети.

Занети за својата пожртвуваност доби награда, дури 19 (1995-2014)години го носеше дресот на Интер, а од 2001 година беше капитен и притоа освои пет титула во Серија А, четири Суперкупови на Италија, четири Купови на Италија, Лига на шампионите, Куп на УЕФА, Светско клупско првенство.

Приказна која може да помине и во Холивуд и да се сними филм има и напаѓачот на Лестер, Џејми Варди. Англискиот репрезентативец својата кариера ја започна во Стокбриџ, клуб кој се натпреварува во седмата англиска лига.

Таму заработуваше по 30 фунти од натпревар, а бидејќи тоа му беше доволно само за да излезе со пријателите и колегите на пиво по натпревар, Варди работеше и во локална фабрика за производство на карбонски влакна. Една дневна смена му траеше дури 12 часа, но и тогаш не ги пропушташе тренинзите. Од Стокбриџ успеа да направи трансфери во Халифакс и Флитвуд, за во 2012 година да пристигне во Лестер. На стартот ниту во Лестер не се прослави, му се оддаде на алкохолот.

– Некои луѓе никогаш нема да ми простат, други ќе сфатат дека направив голема грешка и извлеков поуки од неа. Кога моите деца на социјалните мрежи ќе ги напишат моето име ќе излезе дека сум расист. Навредив еден Јапонец и се каам поради тоа. Го сакав алкохолот и направив некои глупости поради кои завршив во затвор на една ноќ – признава Варди.

Сепак, во 2016 година, успеа да ги надмине сите проблеми во животот и го предводеше Лестер во освојувањето на шампионската титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот