Сега е верен: Русин не можел да најде девојка, па побарал помош од вештачката интелигенција

Фото: Скриншот/Твитер

Александар Жадан е 23-годишен ИТ експерт од Русија, кој немал среќа во љубовта, па решил да ѝ препушти на вештачката интелигенција да ја најде вистинската девојка за него.

Имено, Жадан открил дека, со помош на Чет Џи-пи-ти филтрирал и анализирал дури 5.239 профили на девојки на различни сајтови за запознавање, а вештачката интелигенција потоа ги анализирала податоците и ја избрала најдобрата партнерка за него.

Во виралната приказна што ја објави на Икс (поранешен Твитер), тој објасни дека бил разочаран од неговото искуство на платформите за запознавање, како што е Тиндер. Имено, секогаш кога ќе започнел разговор со некоја интересна девојка, таа ја прекинувала комуникацијата.

Тој заклучил дека таквиот пристап е само „губење време“ и му наредил на Чет Џи-пи-ти да ги прегледа профилите користејќи различни филтри што тој ги специфицирал, како што се астролошки и религиозни референци и „фотографии кои премногу откриваат“.

Но, потоа отишол чекор напред и му наредил на Чет Џи-пи-ти да комуницира со избраните кандидатки и му требале 120 часа да ја „истренира“ вештачката интелигенција да разговара со потенцијалните девојки. Тој го направил ова со тоа што ги вчитал неговите претходни разговори со девојки, поставил валидација на одговорите и ги следел резултатите.

Чет Џи-пи-ти му помогнал да отиде на 12 состаноци, а на еден од нив ја запознал Карина, неговата идна сопруга.

Вештачката интелигенција го советувала да зборува за своето детство, родителите, целите и вредностите за да процени колку девојките се „погодни за долготрајна врска“.

„Одев на состаноците, па проценував дали девојката ми одговара или не. Врз основа на искуството, правев рецензија (што ми се допаѓа, а што не) и ја додавав во базата“, објасни тој, велејќи дека подоцна ѝ признал на девојката дека ја нашол користејќи Чет Џи-пи-ти, но дека тоа не ѝ пречело и дека сѐ уште се заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот