Фото: Град Скопје / илустрација

Седум млади луѓе се повредени во страшен судир на „БМВ“ и „Мерцедес“ кај Стенковец

Во тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница, кај клучката за Приштина во неделата, повредени се седуммина млади луѓе, сите помлади од 23 години, соопшти полицијата.

„На 26.04.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, на клучката Стенковец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(22) од с.Грчец, Скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од патничкото возило „БМВ, Ф.М. и сопатничката од патничкото возило „мерцедес“ Е.Б.(23), додека со телесни повреди 23-годишната Е.А. и другите сопатници Ф.Х.(21) од с.Кондово, скопско, З.И.(22) од Скопје и Џ.Ф.(22) и Б.А.(18), двете од с.Раовиќ, Скопско, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје“, велат од полицијата.

Насилник бодел човек со нож во Скопје и ќе одговара за обид за убиство, го пратиле во куќен притвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот