Насилник бодел човек со нож во Скопје и ќе одговара за обид за убиство, го пратиле во куќен притвор
Полицијата соопшти дека е уапсен насилник кој во ноќта меѓу петокот и саботата избол човек со нож пред угостителски објект на улицата „50-та дивизија“ во Скопје, во близина на Клиничкиот центар. Тој ќе одговара на обид за убиство, но ќе оди во куќен притвор, информираат од МВР.
Препорачано
„Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ч. од Скопје затоа што на 23.04.2026 пред угостителски објект на ул. “50 Дивизија” со нож му нанел убодни рани на А.Ѓ. Веднаш по добиената пријава за настанот, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е во целост расчистен. Напаѓачот е лишен од слобода, а од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, е поднесена кривична пријава по итна постапка против А.Ч. за кривично дело “обид за убиство” по член 123 во врска со член 19 од КЗ.
Судија на претходна постапка му определил на осомничениот мерка куќен притвор во траење од 30 дена, се додава во полициското соопштение.


