Се за НОВИОТ ТРЕТМАН ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ кој засекогаш ќе го ИСФРЛИ БОТОКСОТ ОД УПОТРЕБА

профимедиа

Инекциите од ботокс и филери за лекување на брчките наскоро би можеле да станат минато. Услов е новиот третман кој е тестиран на глувци и кој допрва треба да се испита на луѓето, да се покаже како делотворен.

Научниците тврдат дека здравите клетки од кожата еден ден би можеле да се складираат и користат за подоцна во животот, кога веќе ќе бидат видливи знаците на стареење.

Методот се покажа за дури 30 проценти поефикасен од еден од најнапредните третмани против стареење кој користи матични клетки, истакна тимот од Државниот универзитет од Северна Каролина.

профимедиа

Засега овој метод се уште е во фаза на истражување, а научниците се надеваат дека третманот за отстранување на брчки без игла наскоро ќе биде применлив и на луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот