Се урна бугарски МиГ-29, судбината на пилотот сè уште не е позната

Фото Миа

Бугарскиот Миг-29 се урна за време на вежба над Црното Море, потврди бугарскиот министер за одбрана Георги Панајотов. Вежбата „Шабла 2021“, во која учествуваат и српски авиони е прекината. Остатоците од авионот се наоѓаат на длабочина од околу 70 метри. Судбината на пилотот сè уште не е позната.

Заедничката вежба на српските и бугарските воздушни сили „Шабла 2021“ беше прекината бидејќи бугарскиот МиГ-29 синоќа падна во Црното Море од засега непознати причини.

Бугарскиот министер рече дека се наоѓа зоната каде се урна авионот и дека очекува наскоро да се најде. Панајотов прецизираше дека ова е област која ја пребаруваат воени бродови и хеликоптери.

По неколкучасовно пребарување, бугарската морнарица пронајде остатоци и други предмети за кои со понатамошна истрага ќе се утврди дали потекнуваат од „МиГ-29“.

Исто така, судбината на пилотот, мајор Валентин Терзиев, сè уште не е позната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот