Се уредува дворот во училиштето „Ристо Крле“ во Бунарџик

Деновиве во Општина Илинден  се работи на партерно уредување на училишниот двор на подрачното училиште во Бунарџик кое е во рамки на ООУ ,,Ристо Крле” во Кадино. Училишниот двор кој подолго време беше запоставен ќе биде поплочен со бекатон плочки на површина од околу 300 метри квадратни. Покрај поплочувањето со бекатон ќе биде уреден и влезот на патеката.

Увид во работните активности направија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на училиштето, Јовче Петковски. Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден континуирано работи на изградба и создавање на модерни услови во образованието. Тој додаде дека, оваа акција има за цел зголемување на функционалноста на дворот, каде учениците ќе имаат можност да го користат за време на одморите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот