Се удави човек кај автокампот „Ас“ во близина на Струга

Фото: илустрација/Google Maps

Давеник попладнево е пронајден без знаци на живот во водите на Охридското Езеро во близина на автокампот „Ас” кај Струга, јавува МИА.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека се работи за 66-годишен човек, а телото било забележано од капачите на плажата.

Според првичните информации, на телото на починатиот немало траги на насилство. Била повикана екипа на струшката Итна помош, a лекарите само ја констатирале смртта.

Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител и медицински тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот