Сè што треба да знаете за мезотерапијата

мезотерапија
Фото: Промо

Центарот за естетска дерматологија при клиничката болницa „Жан Митрев“ е сеопфатен медицински и козметичко-дерматолошки оддел кој нуди целосен спектар на медицинска и хируршка нега, како и естетско подобрување.

Мезотерапија е современ нехируршки метод на вбризгување на активни состојки (медикаменти, аминокиселини, минерали, витамини и др.) во средниот слој на кожата (мезодерм) која се изведува со неколку иглени техники, на различна длабочина во зависност од регијата во која се аплицира. Затоа е
неопходно оваа процедура да се прави од страна на доктор дерматолог сертифициран за оваа техника. Инаку, мезотерпијата била оригинално развиена како третман за болки во 1952 година од страна на францускиот доктор Мишел Пистор, за потоа да добие популарност како метод за разубавување.

Супстанците кои се користат при мезотерапијата и се внесуваат во средниот слој на кожата се специјално произведени мезококтели и најчесто содржат витамини, колаген, хијалуронска киселина, аминокиселини, како и состојки за подобрување на циркулацијата.

Мезотерапија во естетската дерматологија

Во естетската дерматологија мезотерапијата има бројни индикации. Зависно од дијагнозата и потребите на кожата, покрај за основната функција хидратација, мезотерапијата се употребува и за колагенска индукција, биоревитализација, обновување и подмладување. Исто така, помага во решавање на бројни дерматолошки состојби како акни, розацеа, стрии, пигментации, лузни, целулит, алопеција и други типови проблеми со кожата, скалпот и косата. Самата постапка на внесување на активните состојки во
таргетираната зона покрај дејството на активните состојки, самиот процес на микроубоди на кожата предизвикува механичка стимулација која води кон потикнување на синтеза на колаген и еластин, подобрување на тонусот на кожата, како и подобрување на протокот на крв во крвните садови.

Мезотерапија на тело

Зависно од активните состојки и од потребите на пациентот, мезотерапијата на тело може да биде липолитична или антицелулитна, понекогаш и комбинација од двете. Липолизата се користи кога е потребно намалување на вишокот масти, односно намалување на обемот на одредени регии како што се подбрадок, задник, стомак, грб. Антицелулитната мезотерапија пак, опфаќа активни супстанци кои дејствуваат на факторите на настанување на целулитот со што се подобрува циркулацијата, лимфниот застој и тонусот на кожата.

Како изгледа самата процедура на мезотерапија?

Постапката е многу едноставна и скоро безболна. Понекогаш за поголем комфорт на пациентот се користи локален анестетик, а се изведува со вбризгување на активните состојки со помош на многу тенки игли директно во мезодермот. За најдобри ефекти потребни се неколку третмани најчесто од 4-6 во интервал од 10-14 дена (зависно од индикацијата). Ефектите се видливи уште по првиот третман.

Предности од мезотерапија

  • Кожата станува мазна и сјајна и се подмладува на природен начин со помош на овој неинвазивен метод
  • Кожата е длабински хидрирана, бидејќи на овој начин ги добива потребните активни супстанции (витамини, хијалуронска киселина и хранливи состојки кои ѝ недостасуваат) директно во мезодермот каде што е најефикасно. Вообичаено, поради особеноста на површинскот слој на кожата, голем дел од кремите и локално нанесените препарати најчесто не успеваат да стигнат до длабоките слоеви на кожата каде што се најмногу потребни, што не е случај со мезотерапијата. Со овој метод се делува директно во средниот слој на кожата.
  • Исчезнуваат ситните и видно се намалуваат длабоките брчки
  • Брз и долготраен ефект

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ Ви стои на располагање. За информации поврзани со Вашето здравје информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484 во Клиниката „Жан Митрев“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот