Се шири снимка од САД на која црнец тепа белец во продавница (ВИДЕО
Полицијата соопшти дека добила пријава за нападот, но дека напаѓачот, „млад црн маж“, заедно со уште еден поединец побегнале од местото на настанот пред да дојде полицијта и тие трагаат по него.
Од САД во последните недели пристигнуваат бројни снимки од меѓурасно насилство, како полициско така и од страна на демонстрантите. А новата снимка на напад од Флинт во Мичиген се истакнува по својата бруталност иако не вклучува припадници на полицијата.
Препорачано
За разлика од снимките од полициското убиство на црнецот Џорџ Флојд во Минеаполис, Минесота, чие убиство од страна на полицијата поттикна големи протести и нереди ширум САД, жртвата на оваа снимка преживеа. Но во овој случај напаѓач беше црнец, а жртвата белец – поточно продавач во трговски центар од познатиот ланец Мејси’с.
Нападот се случил на 15. мај, по што снимката станала вирална на социјалните мрежи, а денеска на Твитер ја сподели и американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ја ретвитна објавата на Мат Волш, колуминист на американскиот десничарски портал Дејли Вајр, кој е основан од политичкиот коментатор Бен Шапиро.
„Погледнете што се случува овде. Каде се демонстрантите? Дали овој маж е фатен? – коментираше Трамп покрај твитот на Волш.
Looks what’s going on here. Where are the protesters? Was this man arrested? https://t.co/2E1UbU5vNN
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 23, 2020
„Ова е ужасен чин на омраза“
„Овој тип брутално го нападна вработениот во Мејси’с поради неговата раса и потоа го клеветеше, велејќи му дека го кажал зборот црниште, што е лага. Ова е ужасно злосторство од омраза, и ако расите беа обратно, тоа би била единствена работа за која би разговарале со денови“, коментираеш Волш покрај видеото.
Самата снимка ја направи и ја објави братот на црниот напаѓач, мичигенскиот рапер ЕфТи Квај. Неговиот брат на снимката од зад грб го удира белиот продавач, кој носи маска на лице среде дуќанот. Откако овој паѓа на подот, останува да лежи подигајќи рака за да се одбрани од напаѓачот кој се надвиснува над него.
Напаѓачот потоа на продавачот му вели „не ме допирај, црнчиште“ (иако жртвата е белец), го следи и продавачот кој ползи на подот и се обидува да побегне го удира уште неколку пати со бокс во глава, и покрај тоа што белецот го моли да престане да го тепа и му се извинува.
„Тоа едноставно беше неговиот инстинкт“
22-годишниот Квај отпосле изјави дека неговиот брат реагирал насилно „во афект“; откако продавачот му рекол „црнчиште“. Продавачот, тврди Квај, разговарал со некој на својот мобилен, и откако Квај нешто го прашал, овој наводно на мобилен рекол “никој, само некое црнчиште“, реферирајќи на Квај.
„И просто, што друго требаше на направи? Во ова време не знаел што друго да направи. Тоа едноставно беше неговиот инстинкт“, додаде Квај за Њујорк Пост и се пожали дека е затрупан со расистички закани на социјалните мрежи.
За нападот во петокот се огласи и Мејсис, кои децидно нагласува дека нивниот продавач не го навреди Квај на расна основа, односно дека тоа обвинување е лажно.
„Нападот не беше испровоциран“
„Многу сме растажени поради инцидентот кој се случи во понедленикот во Мејси’с Џенеси Вели, бидејќи безбедноста на купувачите и колегите во Мејси’с се наш најголем приоритет. Насилството на работно место од било кој вид е неприфатливо. Сите видеоматеријали од таа вечер се прегледани, и јасно е дека нападот бил испровоциран“, соопшти портпаролот на Мејси’с за локалните медиуми.
Полицијата соопшти дека добила пријава за нападот, но дека напаѓачот, „млад црн маж“, заедно со уште еден поединец побегнале од местото на настанот пред да дојде полицијта и тие трагаат по него.
Меѓутоа, Волш денеска предупреди како е неприфатливо тоа што полицијата не го фатила напаѓачот, бидејќи го има неговто име и снимката од злосторството.


