Се редат скандали во Италија, за обложување обвинети и двајца репрезентативци

Фото: EPA-EFE/ALEX NICODIM

По допинг аферата со Пол Погба и скандалот со обложување со Николо Фаџоли, медиумите на Апенините пишуваат за уште еден скандал и повторно со обложување.

Имено, италијанските репрезентативци кои играат во Премиер лигата Сандро Тонали и Николо Заниоло се обвинети исто така за обложување.

Според информациите на италијанскиот новинар, Фабрицио Корона, Тонали и Заниоло се обложувале на натпревари на нивните поранешни тимови. Во текот на следната недела би требало да бидат презентирани докази против двајцата фудбалери.

Ќе потсетиме, денес медиумите во Италија објавија дека Фаџоли ја признал вината за обложување, но потенцирал дека никогаш не биле вклучени тимови со кои бил поврзан.

Нов скандал во Јувентус, фудбалер се соочува со тригодишна забрана поради обложување?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот