Трамвај излета од шините во Сараево / Фото: Hayat.ba

Се разбуди од кома тинејџерката која остана без нога во кобната трамвајска несреќа во Сараево

Седумнаесетгодишната Ела Јовановиќ, која беше тешко повредена во излетувањето на трамвај од шините во Сараево минатата недела, се разбудила од кома, изјави за Н1 Сараево директорот на Општата болница Исмет Гавранкапетановиќ.

„Пациентката е будна, но нејзината општа состојба е сè уште сериозна. Интензивниот третман за реанимација продолжува на Одделот за анестезија и реанимација, а мерките за рана рехабилитација се започнати во согласност со моменталната состојба“, рече Гавранкапетановиќ.

На девојката Ела Јовановиќ ѝ е ампутирана ногата по несреќата. Девојката беше ставена во индуцирана кома поради повредите опасни по живот.

Во Сараево се одржуваат протести поради несреќата во која загина млад човек. Во сабота, вториот ден од протестот, група граѓани отидоа во Општата болница за да ја поддржат повредената девојка и да ѝ посакаат брзо закрепнување.

Денеска во Сараево ќе се одржат протести, четврти ден по ред, а граѓаните доставија барања до властите.

Вкупно четири лица се повредени во несреќата што се случи на 12 февруари, а 23-годишното момче Ердоан Моранкиќ го загуби животот.

ВИДЕО | Камера од автомобил ја снимила трамвајската несреќа во Сараево

 

Директорот на сараевското ЈСП поднесе оставка по несреќата во Сараево

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот