Се расплеткува скандалот со извидниците: Одземен телефон поради вештачење, постојат ли експлицитни снимки?

Илустрација: Извидници / Фото: Архива на „Слободен печат“
„Слободен печат“ од свои доброупатени извори во истрагата дознава дека од претставник на извидничкиот одбор одземен бил телефон за вештачење откако повеќе родители во полициска станица пријавиле дека нивните деца на извидничкиот камп учествувале во несоодветни активности меѓу кои соблекување на облеката пресликување на оттисоци од половите органи на xамер и доделување на награда за најдобри гради.

Скандалозната сексуална едукација која ја спроведувал Првиот скопски извиднички одред меѓу средношколци беше обеледенета од страна на родители чии деца се истрауматизирале од експлицитноста на кампот под мотото „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“.

За сексуалните активности на кампот кој се одржувал во близина на манастир во Скопско, се заинтресира и Јавното обвинителство кое почна истрага за целиот случај.

Освен организаторите на кампот, на распит ќе бидат повикани и други сведоци и учесници на настанот, за кој постојат повеќе сведочења дека бил непримерен и нессоветен за малолетната возраст, поради што реагираа и разни невладини организации кои се занимаваат со проблематиката на сексуално образование.

„Слободен печат“ објави дека на кампот биле спроведувани шокантни активности меѓу кои и тоа децата да соблекуваат делови од облеката, да оставаат отпечатоци од интимни делови од телото на хамер, да се бакнуваат во стомакот, коленото, вратот и на устата, како и да сликаат сцени во природа до манастир, додека други деца симулираат сексуални пози.

СИТЕ ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ НА ОВАА ТЕМА:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот