Се распаѓа куполата под која се наоѓа НАЈОПАСНАТА РАБОТА НА СВЕТОТ: Може сите да не УБИЕ (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Рунит е остров во Тихиот океан, но од неговото име на луѓето им се крева косата, а причината е бидејќи на него се наоѓа огромно складиште на американски нуклеарен отпад, а сега куполата на складиштето почнала да пука.

Рунит бил полигон на американската војска за испробување на нуклеарно оружје за време на Ладната војна, па американската влада на крајот на 70-тите години од минатиот век на него направила купола, наречена кактус, каде се наоѓа радиоактивен материјал и отпад од тие проби.

Основата на куполата, чија изградба чинела околу 250.000 долари, е гигантски кратер кој е создаден од 18 килотони нуклеарна бомба. Ѕидовите на куполата се направени од околу пола метар дебели 358 бетонски плочи, а целата површина зазема околу 10.000 квадратни метри.

Сега активистите за заштита на средината предупредуваат дека таа купола, која веќе покажува знаци на пукнување, би можела да се распадне под удар на силно невреме или други природни фактори, а радиоактивниот материјал би можел да се ослободи.

Фото: Принтскрин

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш веќе пренесе дека претседателот на Маршалските острови рекол дека е „многу загрижен заради ризикот од испуштање на радиоактивен материјал, кој се чува во нешто што личи на куфер“, пренесува Попјулар механикс.

САД на Рунит извеле 67 нуклеарни проби, меѓу која била и злогласната проба Касл Браво 1955, кога научниците целосно ја потцениле новата хидрогенска бомба која ја тестирале. Експлозијата имала еквивалент од 15 мегатони – дупло повеќе предвиденото. Детонацијата исфрлила и неочекувано голема количина на радиоактивен материјал, кој се раширил на големо подрачје.

Облакот од радиоактивна прашина патувал преку 150 километри и загадил неколку острови. Домородците биле евакуирани, но сепак 83 лица се здобиле со изгореници, додека еден јапонски брод уловил радиоактивна риба.

Во тој „кактус кратер“ се наоѓаат околу 88.160 кубни метри загаден отпад. Куполата на тој „кактус кратер“ е огромна, но не е проектирана да биде трајна. Сега покажува знаци на пукање, а заради глобалното загревање и подигнувањето на нивото на морето, се доближува до Пацификот.

Не е јасно како овој проблем ќе се реши. Со Рунит моментално управува владата на Маршалските остров, а од 1979 година е потпишан договор со кој САД не сносува никаква одговорност за било кои проблеми кои можат да настанат од радиоактивниот отпад.

Меѓутоа, Маршалските острови се мала и сиромашна држава која нема доволно ресурси да се бори со отпадот. САД од друга страна, на кои и припаѓа отпадот, не мораат да понудат помош во решавање на проблемот. Додека едни велат дека е сигурно дека Америка ќе биде прогласена за виновник во случај на експлозија на куполата, други додаваат дека таа земја секако неказнето се извлекуваат за сите свои деструктивни потези.

Активистите предупредуваат дека пукнувањето на кактус куполата е само прашање на време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот