Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Сè помалку патуваме со автобус

Во третото тримесечје (јули-септември) од 2025 година во автобускиот патен превоз вкупно се превезени 8,832 милиони патници, што еза 6,4 проценти помалку во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на превезените патници во градскиот автобуски превоз е намален за 4,6 отсто, во приградскиот падот изнесува 7,8%, во меѓуградскиот – 8,6%, а во меѓународниот превоз за дури 12,5 отсто.

Вкупниот број на поминатите патнички километри, пак, е 292,038 милиони и е намален за 1,8 проценти во однос на истиот период од претходната година. При тоа, во градскиот превоз е зголемен за 24,2 отсто, додека во приградскиот превоз е намален за 1,3 проценти, во меѓуградскиот превоз за 4,5, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 2,8 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот