Се помалку Американци се христијани, голем пораст на оние кои не веруваат (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Во телефонски анкети спроведени од истражувачкиот центар Пју во 2018 и 2019 година, 65 отсто од возрасните Американци се опишуваат себеси како христијани кога станува збор за нивната религија, што е пад од 12 проценти во текот на последната декада.

Истовремено бројот на оние кои тврдат дека не припаѓаат на ниту една вера, атеисти, агностици или оние кои велат дека веруваат во „ништо посебно“, сега изнесува 26 отсто, што е раст од 17 отсто од 2009 година.

Протестантизмот и католицизмот исто така доживуваат загуби. Моментално 43 отсто од возрасните се сметаат за протестанти, во однос на 51 отсто во 2009 година. Еден од пет возрасни (20 отсто) се католици, што е пад од 23 отсто во 2009 година.

Во меѓувреме, сите подгрупи на религиозно неопределени бележат раст. Самопрогласените атеисти сега се 4 отсто од возрасните, скромно но значајно од 2 отсто во 2009 година, агностиците се 5 отсто од возрасните, повеќе од 3 отсто од минатата декада, а 17 отсто од Американците сега религијата ја опишуваат како „ништо посебно“, во споредба со 12 отсто од 2009 година.

Припадниците на нехристијанските религии исто така бележат скромен раст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот