Се помал број новозаразени со Ковид-19 во Албанија

Ковид-19 криза Албанија/ Фото: ЕПА

Во последното деноноќие извршени се 197 тестирања при што кај шест е добиен позитивен резултат,

Во Албанија во последното деноноќие потврдени се шест нови случи со Ковид-19, со што продолжува појавата присутна повеќе денови наназад на се помал број новозаразени.

Од новите случаи пет се од Круја, општина со најголем број активни случаи во земјата.

-Во последното деноноќие извршени се 197 тестирања при што кај шест е добиен позитивен резултат. Вкупната бројка на досега заразени е 795, од нив 531 лице или 67 отсто се излекувани. Моментно во земјата има 233 активни пациенти со кортонавирус,поголемиот број од нив со лесна форма и се лекуваат во домашни услови, изјави Гентиана Ќирјако од Инситутот за јавно здравје.

Додаде дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи” хоспитализирани се 33 пациенти и само седум од нив се на интензивна терапија.

-Ова е важен показател што го истакнува фактот дека преземените мерки овозможија здравствениот систем да не биде преоптоварен и успешно да се справи со случаите за кои е потребен специјализиран третман во болниците,оцени Ќирјако,упатувајкќи апел и понатаму строго да се почитуваат мерките и препораките на надлежните.

Во Албанија досега направени се вкупно 8.866 тестирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот