Се подготвува временска капсула по повод 75-годишнината на НАТО

НАТО знаме
Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

По повод 75-годишнината од своето основање, НАТО подготвува дигитална временска капсула, што ќе собира артефакти од 2024 година кои ќе треба да доловат моменти од сегашноста и да испратат пораки за иднината.

Содржините во капсулата ќе се состојат од пишани пораки, уметнички дела, фотографии и видео записи, кои ќе бидат дигитално запечатени и зачувани за идните генерации.

Предвидено е капсулата да биде отклучена по повод 150-годишнината од формирањето на Алијансата во 2099 година.

Заинтересираните за зачувување на сојузничкото наследството можат да се придружат на проектот со свој придонес за тоа како ја замислуваат иднината на НАТО, каде очекуваат да се движи Алијансата до 2099 година, кои се нивните надежи, грижи и предвидувања во врска со иднината на Пактот, како и евентуални спомени од Организацијата што би сакале да ги зачуваат во следните 75 години.

Крајниот рок за поднесување на придонес во дигиталната временска капсула е до 31 август 2024 година во 23:59 според средноевропско време

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот