Се отвораат продавниците во Грција, почнуваат со работа и козметичките и фризерските салони

epa08429297 Employees and clients, wear protective face masks, in a shoping mall, in Athens, Greece, 18 May 2020. Greece is entering the third stage of its return to the 'new normality' on 18 May, which includes the re-opening of middle (gymnasiums) and high schools (lyceums), shopping malls and archaeological sites, as well as allowing free travel between regions on the mainland and to the island of Crete. EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

По речиси два и пол месеци, под посебни мерки, со претходно испратена смс порака и со ограничено време за шопинг, денеска во Грција се отвораат продавниците, моловите и трговските центри, а повторно со работа почнуваат и козметичките и фризерските салони, берберниците и центрите за техничка контрола на возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Отворањето на продавниците, сепак не значи и крај на карантинот во Грција што започна на 7 ноември 2020 година, со оглед на тоа дека и понатаму во сила се рестрикциите за движење, односно излегување од дома само со испратена смс порака од шест конкретни причини, а паралелно во сила е и полицискиот час од 21 часот до 5 часот наутро, како и забраната за патување меѓу периферии.

Продавниците ќе работат под конкретни правила, со ограничен број муштерии, додека пак маската е задолжителна за сите, исто како што е задолжителна секаде во Грција.

Поради забраната за движење, граѓаните ќе имаат на располагање два часа за шопинг и само по претходно испратена смс порака, која ќе треба да ја чуваат во случај на контрола.

За продавниците до 100 метри квадратни дозволени се до четири лица, а за оние над 100 метри квадратни, по едно лице на секои 25 метри квадратни, наместо на 15 како што беше пред карантинот.

Еден посетител на 25 метри квадратни ќе важи и за трговските центри и моловите.

Берберниците фризерските и козметичките салони, ќе работата само со претходно закажан термин.

Продавниците беа отворени во пресрет на божиќните и новогодишните празници, работеа околу 20 дена, но само за услугата „click away”, односно подигнување на претходно направена порачка преку интернет или телефонски, која беше прекината пред две седмици.

Рестораните, таверните, кафулињата, баровите, фитнес центрите, музеите, археолошките локалитети, како и средните училишта и универзитетите и понатаму се затворени.

Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 237 нови случаи на Ковид-19, а почина 28 лица.

Од почетокот на епидемијата има 148.607 заразени и 5.469 смртни случаи.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот