Се огласи Сем Асгари, поранешниот сопруг на Бритни Спирс: „Сите заслужуваат приватност, ѝ посакувам сè најдобро“
Сем Асгари, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, се огласи откако поп-ѕвездата беше уапсена во средата вечерта во Калифорнија поради возење под влијание на алкохол и дрога. Асгари истакна дека „луѓето прават грешки“ и нагласи колку е важно да се почитува приватноста, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Бритни и Асгари се венчаа во јуни 2022 година, но се разведоа само 14 месеци подоцна поради наводи за неверство и нестабилно однесување, а разводот беше официјализиран во мај 2024 година. И покрај краткиот брак, Асгари вели дека и натаму чувствува љубов кон Спирс.
„Бракот беше многу реален за мене. Беше краток, но седум години бевме заедно. Секогаш ќе ја сакам и ѝ посакувам сè најдобро“, рече тој во август 2025 година.

Спирс (44) беше уапсена околу 21:28 часот по локално време и задржана до 3:02 наутро. Потоа била одведена во болница за тестирање на алкохол во крвта и пуштена во 6:07 часот. Спирс била под влијание на комбинација од алкохол и дрога.
Нејзиниот долгогодишен менаџер Кејд Хадсон изјави дека ова бил „непријатен инцидент“ и дека Бритни ќе преземе правилни чекори за почитување на законот и добивање поддршка која ѝ е потребна.


