Се очекуваат милион посетители на прошталната церемонија за Марадона!

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Прошталната церемонија за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ќе се одржи во претседателската палата на Аргентина, „Каса Росада“. Според најавите се очекува настанот да трае 48 часа и бидат присутни околу еден милион луѓе на церемонијата.

Диего Армандо Марадона ги бранеше боите на Бока јуниорс во периодите од 1981-1982 и 1995-1997 година, во дресот на Барселона (1982-1984 година) и Наполи (1984-1991 година).

Со „наполитанците“ двапати ја освои Серија А, а по еднаш Купот и Суперкупот на Италија, како и Купот на УЕФА, сегашна Лига Европа.

Како играч со репрезентацијата ја освои титулата на Светското првенство 1986 година во Мексико.

А беше и селектор на „гаучосите“ (2008-2010 година). имајќи го во составот исто така еден од најголемите во фудбалската игра, Лионел Меси.

Роналдо се прости од Марадона: Никој нема да ја пополни празината која ја остави Диего

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот