Се обработуваат приговорите на граѓаните за платежните картички, резултатите ќе бидат објавени јавно

На прашањето како ако некој сака, може да ги донира средствата, вицепремиерката Царовска потсети дека картичките се персонализирани и единствениот начин е тие да се вратат назад.

Министерството за финансии и Генералниот секретаријат ги обработуваат приговорите на граѓаните за платежните картички и штом ќе имаат сумарни податоци, ќе излезат и ќе ја известат јавноста, соопшти денеска вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

Таа уште еднаш нагласи дека е важно институциите што ја спроведуваат ревизијата и примањето на приговорите, да ја известуваат јавноста за целиот процес.

На прашањето како ако некој сака, може да ги донира средствата, вицепремиерката потсети дека картичките се персонализирани и единствениот начин е тие да се вратат назад.

Во врска со финансиските средства кон реалниот сектор, вицепремиерката потсети дека Владата досега донесе три сета економски мерки – првите два за намалување на ударот од социоекономската криза, а третиот развоен. Доколку се увиди дека компаниите имаат одредени барања кои ќе значат раздвижување и развој на економијата, ќе се размислува во тој правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот