Фото: Град Скопје

Се обновува пешачкиот мост над булеварот Александар Македонски

Град Скопје го реконструира натпатникот на булеварот Александар Македонски за првпат откако е изграден. Со ова, како што велат од Градот, е реализирано барањето на граѓаните кои секојдневно го користат овој пешачки мост, во чија близина се наоѓаат основно училиште и други објекти, за обезбедување услови за побезбедно движење.

Градот во соработка со ЈП „Улици и патишта“ од почетокот на годината започна со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во негова надлежност.

Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, тротоари и огради, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста. Со системско следење на надлежностите ќе се постигнат позитивни резултати, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување, велат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот